• петок, 20 декември 2024

Во Тексас потпишан закон според кој нелегалната имиграција станува државно злосторство 

Во Тексас потпишан закон според кој нелегалната имиграција станува државно злосторство 

Вашингтон, 19 декември 2023 (МИА) - Гувернерот на Тексас Грег Абот синоќа потпиша закон според кој нелегалната имиграција се смета за државно злосторство, а во обид да се запре рекордно зголемениот проток на имигранти во земјата. 

Според законот, фатените имигранти ќе се соочат со повеќе години затвор, но ќе имаат избор - можат да бидат ослободени ако се согласат да се вратат во Мексико.

Абот потпиша и уште еден закон според кој се доделуваат 1,5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата, со намера да се заврши оградувањето што започна за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, а беше запрено откако Џо Бајден дојде на власт. 

 -Намерната пасивност на Бајден го натера Тексас самиот да се брани, изјави Абот кој синоќе го потпиша законот на церемонија при посета на пограничната зона кај градот Браунсвил, во најужниот дел на Тексас. 

Тој го оправда чекорот повикувајќи се на статија на Уставот на САД што им дава право на државите да се одбранат од инвазии во случај на неактивност на сојузната влада. 

Оние кои се за посилна гранична безбедност, претежно од Републиканската партија, го поздравија пристапот на гувернерот на Тексас. 

Организации за човекови права и заштита на имиграцијата, пак, критикуваат дека законот се коси со Уставот и би водел кон расно профилирање на Тексашаните. 

Абот очекува законот да го спроведува полицијата која претежно ги запира луѓето кои даѓаат од Мексико и ја пресекуваат границата. 

Тој веќе дејствува независно од сојузната влада, а во рамки на операцијата „Осамена ѕвезда“ во која на границата се распоредуваат дополнителни припадници на службите, се гради ѕид долг 26 километри и се поставува бодликава жица во должина од 176 километри, додека 80.000 имигранти беа испратени со автобус до некои од градовите во северните сојузни држави. 

Законат се предвидува да се најде на суд бидејќи според Уставот имиграциската политика е во домен на сојузната влада. кб/паг/ 

 

Остани поврзан