• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица промовиран проектот „Супер училишта“

Во Струмица промовиран проектот „Супер училишта“
Струмица, 19 октомври 2021 (МИА) - Во просториите на „Европската куќа“ пред директори и наставници од повеќе градови од овој дел на државата беше промовиран проектот „Супер училишта“ наменет за средни училишта за размена на ученици во регионот. Според Владимир Ѓоргевски, директор на Локалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со проектот се планирани над 100 младински размени кои ќе се имплементираат за млади од регионот. -Овој пат имаме многу лесна апликација и ги повикуваме сите училишта да аплицираат на овој проект, кој ќе поддржи креативни идеи за да можат младите да соработуваат во регионот. Проектот поддржува размена на ученици од средните училишта и ќе поддржиме идеи кои ја промовираат интеркултуралноста, помирувањето во регионот и соработката, а училиштата ќе располагаат со буџет од околу 11 илјади евра за размена, рече Ѓоргевски. Тој ја најави можноста училиштата да добијат техничка помош, која ќе ја одберат училиштата, а во рамки на проектот ќе се организира конференција и летен камп на кој младите по размената ќе можат повторно да се дружат. Инаку, размената на ученици ќе се одвива во поширокиот регион, односно секое училиште треба да најде партнер во регионот на Западен Балкан и станува збор за двојна размена. Со проектот е планирано да се поддржат 26 до 30 проекти во регионот, а повикот за аплицирање е отворен до крајот на месецот. рт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан