Во Струмица едукативна трибина за машкото здравје
- „Ротари Клуб Струмица“ вечер организира настан „MOVEMBER - едукативна трибина за машкото здравје“, кој ќе се одржи во Младинскиот центар.
Струмица, 20 ноември 2025 (МИА) - „Ротари Клуб Струмица“ вечер организира настан „MOVEMBER - едукативна трибина за машкото здравје“, кој ќе се одржи во Младинскиот центар.
Организаторите информираат дека настанот е дел од глобалната Movember иницијатива, чија цел е подигнување на јавната свест за машкото здравје, особено во делот на превенцијата и раното откривање на заболувања, како што се ракот на простата и проблемите со репродуктивното и хормоналното здравје.
Главен говорник на трибината ќе биде д-р спец. уролог Софче Митковска Милкова, која ќе презентира практични совети и информации поврзани со превенција и рано препознавање на рак на простата, машка плодност и хормонално здравје, важноста на редовните уролошки прегледи и здрави навики и современи медицински пристапи.
Организаторите истакнуваат дека настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани граѓани со цел што повеќе мажи да се охрабрат да разговараат за своето здравје и да преземат навремени превентивни чекори. рт/мд/
Фото: организатори