• сабота, 13 декември 2025

Во среда концерт на Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

Во среда концерт на Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

Скопје, 24 август 2025

Во среда, 27 август, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи концерт на еден од најпопуларните македонски млади изведувачи Јанг Дади. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во среда вечер да дојдат на добра музика и забава под отворено небо, стои во соопштението на Општина Центар што МИА го пренесува интегрално.

„Летото е најубаво кога го поминуваме заедно. На 27 август во Паркот на Франкофонија ќе уживаме во музика што носи енергија и радост. Настанот ќе почне во 19 часот со Стела и Сани за најмладите, и во 20 часот ќе продолжи со музичарот Јанг Дади, кој ќе ни подари вечер за паметење. Центар е местото каде што граѓаните се чувствуваат поврзани, среќни и исполнети. Во текот на целиот настан ќе има и аниматор кој ќе се погрижи за атмосферата. Забавата ќе биде за сечиј вкус, ајде заеднички да ја направиме вечерта незаборавна. Ве чекам во среда“, вели Герасимовски. 

Настанот е бесплатен за сите граѓани и истиот е во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, во организација на Паблишер и Општина Центар.

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан