• сабота, 27 јули 2024

Во Србија уапсија човек поради закани кон претседателот на таа држава

Во Србија уапсија човек поради закани кон претседателот на таа држава

Белград, 16 мај 2024 (МИА) – Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава. 
Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е  Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.
Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо. зш/

Остани поврзан