• недела, 16 јуни 2024

Во Србија властите со иницијатива децата во училиште да носат униформи во боите на државното знаме

Во Србија властите со иницијатива децата во училиште да носат униформи во боите на државното знаме

Белград, 25 мај 2024 (МИА) -  Српската министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски денеска изјави дека нејзината иницијатива за воведување училишни униформи во основните училишта не е обид некому нешто да се наметне. 
„Да речеме училишни униформи во боите на нашата тробојка, зошто да не. Мислам дека таа почит треба да ја вратиме во основните училишта“, рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.

Таа објасни дека тоа ќе биде обид да се создаде дијалог со училиштата врз основа на препораката, за да се „објасни колку е таа важна“.

„Ние не сакаме никому ништо да наметнуваме, ниту некој да го изедначиме, но треба да има ред, децата да чувствуваат ред. Децата во воспоставениот ред подобро функционираат, подобро растат, имаат подобри навики, имаат некои правила кои тие следат кога ќе научиш да почитуваш одредени правила, се однесуваш многу поодговорно во животот“, изјави Ѓурѓевиќ Стаменковски за телевизијата Пинк.

 Од друга страна, според неа, буџетот на родителите би бил порелаксиран, бидејќи сите деца би биле соодветно облечени за на училиште.

Таа додаде дека за сето тоа ќе разговара со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.зш/

Остани поврзан