• понеделник, 23 декември 2024

Борел на министерски состанок ЕУ-АСЕАН во Лаос  

Борел на министерски состанок ЕУ-АСЕАН во Лаос  

Брисел, 25 јули 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел од денеска до сабота ќе престојува во Виетнам и Лаос, каде меѓу другото ќе учествува на годишниот министерски состанок помеѓу Европската Унија и Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН). 

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Борел денеска престојува во виетнамскиот главен град Ханој на погребот на генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, Нгуен Фу Тронг. 

Утре, пак, во главниот град на Лаос, Виентијан, Борел ќе копретседава со министерскиот состанок ЕУ-АСЕАН заедно со министерот за надворешни работи на Филипини, Енрике Манало.  

Предвидено е на состанокот да биде разгледан напредокот постигнат според Акцискиот план ЕУ-АСЕАН за периодот 2023-2027 година, а министрите ќе разговараат и за начините на дополнително зајакнување на меѓусебната соработката во сферата на трговија, борбата против климатски промени и зајакнувањето на безбедноста. 

В сабота Борел во својство на претставник на ЕУ ќе учествува на 31-от Министерски состанок на Регионалниот форум на АСЕАН, со кој актуелен претседавач е Лаос. На состанокот ќе бидат разменети мислења за повеќе регионални и глобални безбедносни прашања. 

За време на престојот во Лаос предводено е да има Борел има билатерални средби со претставници на земјата домаќин и на учесниците на собирите. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан