• четврток, 09 мај 2024

Во Софија се одржува конференција за безбедност во регионот на Црното и Азовското Море

Во Софија се одржува конференција за безбедност во регионот на Црното и Азовското Море

Софија, 15 април 2024 (МИА) - Делегации од 42 земји и осум меѓународни организации денеска во Софија ќе учествуваат на конференција за безбедност во регионот на Црното и Азовското Море.

Втората конференција за безбедност на Црното Море е заеднички организирана од Украина и Бугарија, со цел да се развијат ефективни стратегии како одговор на постоечките предизвици и да се обезбеди одржлив развој за сите мирољубиви нации во регионот, соопштија украинските власти.

Учесниците на конференцијата ќе го анализираат влијанието на руската војна против Украина врз безбедносната ситуација во регионот на Црното Море и Азов и пошироко, ќе разговараат за стратегиите за одговор на постоечките закани и иднината на регионалната безбедност.

Конференцијата е коорганизирана од министерствата за надворешни работи и за одбрана на Украина и Бугарија во партнерство со Украинскиот центар за одбранбени стратегии. На конференцијата ќе се одржат три панели: „Заеднички напори за зачувување на стабилноста во предизвикувачка геополитичка средина“, „Победа во битката за Црното Море: Воена стратегија за Украина“ и „Обезбедување поморска стабилност: улогата на меѓународните организации во безбедноста на Црното Море“. ссм/

фото: БТА

Остани поврзан