• сабота, 20 април 2024

Во сообраќајна контрола казнети 43 возачи, кај 42 возила констатирани неправилности

Во сообраќајна контрола казнети 43 возачи, кај 42 возила констатирани неправилности
Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Вкупно 43 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот, спроведена на територија на цела држава. Од нив 23 санкции се за возење без возачка дозвола, седум мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило)... 
 
Како што соопшти МВР, во однос на возилата кај 42 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, шест поради измината важност на сообраќајната дозвола...
 
За време на контролата санкционирани се и 127 останати прекршоци.
 
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.
 
Акцијата била спроведна вчера, од 12:00 до 17:00 часот, од секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција. мд/дма/

Остани поврзан