• петок, 22 ноември 2024

Во Скопје 154 сообраќајни прекршоци, 18 технички неисправни возила во јавен превоз

Во Скопје 154 сообраќајни прекршоци, 18 технички неисправни возила во јавен превоз

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за нерегистрирани возила..., се појаснува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се истакнува во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан