• петок, 03 мај 2024

Во Скопје 135 сообраќајни прекршоци

Во Скопје 135 сообраќајни прекршоци

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки.

Од мерките, како што соопшти МВР, шест се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуаат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан