• сабота, 23 ноември 2024

Во Скопје 114 санкционирани возачи, 13 без возачка

Во Скопје 114 санкционирани возачи, 13 без возачка

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 114 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од казнетите возачи без возачка дозвола биле 13, седум мерки се изречени за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.

- Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР. цр/са

Фото: МИА архива

Остани поврзан