• среда, 15 мај 2024

Во Санкт Петербург средба Путин - Најхан

Во Санкт Петербург средба Путин - Најхан

Санкт Петербург, 16 јуни 2023 (МИА) – Претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед бин Зајед Ал Нахјан денеска на маргините на Економскиот форум во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, при што беше истакната заедничката посветеност да продолжат со развојот на билатералните врски меѓу ОАЕ и Русија.

Најхан на средбата ја истакна важноста на комуникацијата и дијалогот за поддршка на регионалната и меѓународната стабилност и мир. Тој посочи дека се неопходни преговори за изнаоѓање на политичко решение на кризата во Украина.

Тој, исто така, ја истакна важноста од забрзување на напорите за ублажување на хуманитарните последици од војната и поддршка на иницијативите за размена на затвореници од двете страни. ми/

фото: лого

Остани поврзан