Во САД околу илјада деца мигранти чекаат да бидат вратени кај нивните родители
- Американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС) денеска соопшти дека 998 деца мигранти и по две години се уште се разделени од своите родители

Вашингтон, 2 февруари 2023 (МИА) – Американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС) денеска соопшти дека 998 деца мигранти и по две години се уште се разделени од своите родители.
Децата се разделени од родителите и се сместени на американско-мексиканската граница за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Според ДХС 148 деца се во процес на враќање кај нивните семејства. ми/