• вторник, 05 ноември 2024

Во САД бројот на апликации за надоместоци за невработеност достигна 861.000

Во САД бројот на апликации за надоместоци за невработеност достигна 861.000

Вашингтон, 18 февруари 2021 (МИА) - Бројот на Американци кои аплицирале за надоместоци за невработеност минатата недела се искачи на 861.000, спротивно на очекувањата на пазарот, соопшти Министерството за труд на Соединетите Американски Држави.

Министерството посочи дека во неделата заклучно со 13 февруари, бројот на лица кои првпат поднеле барање за обесштетување се зголемил за 13.000 во споредба со претходната година, пренесува Анадолија.

Експертите очекуваа дека бројот на барања за надомест на штета ќе биде на ниво од речиси 765.000. Според локалните медиуми, последните податоци покажуваат дека американскиот пазар на трудот сè уште се соочува со тешкотии, иако пандемијата на коронавирусот покажува одредени сигнали на забавување. Ова е најголем број побарувања за надоместоци за невработеност во последните четири недели, а аналитичарите тврдат дека овие податоци покажуваат дека на САД им претстои долг пат за да го вратат пазарот на трудот. Пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус во САД во март минатата година, просечниот неделен број на побарувања за невработеност беше околу 225.000. паг/  

Остани поврзан