• недела, 22 декември 2024

Во руски напад врз Запорожје уништена клиника – шестмина загинати и над 20 повредени

Во руски напад врз Запорожје уништена клиника – шестмина загинати и над 20 повредени

Киев, 11 декември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во рускиот напад врз клиника во јужниот град Запорожје се искачи на шест лица, соопшти утринава украинската Државна служба за итни ситуации. Во нападот се повредени најмалку 22 лица, а спасувачките операции сè уште се во тек.

Русија ги засили нападите со беспилотни летала и проектили врз украинските градови и енергетската инфраструктура со почетокот на зимата, додека украинските сили, кои се помалубројни, се обидуваат да ја задржат упорната руска офанзива на исток, известува РСЕ.

Гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, објави на Телеграм дека две жени се извлечени од под урнатините во текот на ноќта и моментално се во болница. Тој додаде дека се верува оти четири лица сè уште се под урнатините на зградата уништена во ракетниот напад.

Ракетниот удар го погоди центарот на градот, информира Обвинителството, додавајќи дека е уништена зграда во која се наоѓала приватна клиника и блиско кафуле. Во бранот од ударот и предизвиканиот крш, оштетени се неколку повеќекатни станбени згради и возила, стои во соопштението.

Запорожје често е мета на руски ракети и дронови. Во нападот врз градот на 6 декември загинаа 10 лица. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан