• понеделник, 23 декември 2024

Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија

Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија

Букурешт, 24 мај 2024 (МИА) - Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина.

Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението.

Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан