• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Ресен се одржа состанок за заштита на Преспанско Езеро

Во Ресен се одржа состанок за заштита на Преспанско Езеро

Ресен, 9 април 2025 (МИА) - Стручни лица од областа на животната средина и природа, претставници на секторот за животна средина во Општина Ресен, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“, како и претставници од Хидробиолошкиот Завод-Охрид во Ресен одржаа заеднички состанок фокусиран на заштитата на Преспанко Езеро.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Ресен информираа дека на состанокот бил ставен акцент на Преспанско Езеро како дел од Рамсарско подрачје, живеалиште од меѓународно значење, и е директен резултат на Рамсарската конвенција која исто така е позната како Конвенција за водни живеалишта во светот.

-Учесниците на состанокот дискутираа за тоа како да се дојде до ефективно управување со заштитено подрачје како и проблемите кои се јавуваат во процесот на управување и нивната оценка во регионот. Проблемите се коментираа согласно со степенот на истите и согласно најновите истражувања од страна на здружението МЕД, информираа од тамошната локална самоуправа.

На заедничкит состанок реализиран во соработка со фондацијата ПОНТ, Општина Ресен приреди посебна локална презентација. мт/мд/

Фото: Општина Ресен

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан