• петок, 05 декември 2025

Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица

Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица

Бангкок, 29 ноември 2025 (МИА) - Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите.

Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи вонредна состојба во провинцијата Сонгкла. Поплавите го погодија и најголемиот град во јужен Тајланд, Хат Јаи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан