• сабота, 23 ноември 2024

Во поплавите во Кина настрадале повеќе од 140 луѓе

Во поплавите во Кина настрадале повеќе од 140 луѓе
Пекинг, 15 јули 2020 (МИА) - Во поплавите предизвикани од поројните дождови во регионот на реката Јангче во Кина, загинаа или се водат како исчезнати најмалку 141 лице. Кинеската метеоролошка агенција соопшти дека поројни дождови се очекуваат и во следните пет дена во девет провинции, најмногу во Сечуан. Војниците изградиле времени барикади, со цел да го спречи излевањето на езерото Појанг, што би довело до поплавување на градот Лушан во југоисточниот дел на провинцијата Џангси. Поради поплавите овој месец се евакуирани 1,5 милиони луѓе. гт/

Остани поврзан