• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трудо: Канада воведува царини од 25 отсто на американскиот увоз од 30 милијарди канадски долари

Трудо: Канада воведува царини од 25 отсто на американскиот увоз од 30 милијарди канадски долари

Отава, 4 март 2025 (МИА) - Канада воведува царини од 25 отсто на американски увоз во вредност од 30 милијарди канадски долари со моментален ефект. Ова денеска го соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од светските агенции.

Претходно денеска стапија на сила тарифите од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада.

Канадската провинција Онтарио соопшти дека воведува царина од 25 отсто за извоз на електрична енергија за 1,5 милиони домаќинства во американските сојузни држави Минесота, Мичиген и Њујорк, објави весникот „Волстрит журнал“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан