• петок, 05 декември 2025

Мексиканската претседателка Шајнбаум најави возвратни царини за увоз на стока од САД

Мексиканската претседателка Шајнбаум најави возвратни царини за увоз на стока од САД

Мексико Сити, 4 март 2025 (МИА) - Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денеска изјави дека земјата ќе одговори на воведувањето царини од 25 отсто од страна на САД за стоки кои доаѓаат од Мексико со воведување возвратни царини за стоки од САД, без да наведе детали.

Шајнбаум рече дека во недела ќе биде објавено на кои американски производи Мексико ќе воведе царини, а пред тоа најверојатно в четврток ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нема никаков мотив, ниту причина, ниту оправдување што ја поддржува оваа одлука што ќе влијае на нашиот народ и нашата земја“, рече Шајнбаум. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан