• четврток, 09 мај 2024

Во Пехчево спроведена активноста ,,Помогни да се исчисти твојата улица"

Во Пехчево спроведена активноста ,,Помогни да се исчисти твојата улица

Пехчево, 19 декември 2023 (МИА) - Во заедничка акција со ОВР Берово, Полициска станица од Општа надлежност и Општина Пехчево во Пехчево ја спроведоа активноста „Помогни да се исчисти твојата улица“. Апелот кој заеднички го упатија од двете институции е совесно паркирање на возилата на јавните површини.

- На граѓаните им порачавме да имаат предвид дека забрана за паркирање има дури и откако возилата на градот ќе ја исчистат нивната улица. Ги запознавме исто така дека постојат неколку чекори за операциите за отстранување на снегот и мразот и отстранување на снег и посипување на абразиви, информираа од Општината.

Во рамки на активноста на случајните минувачи и возачите им беа поделени флаери со едукативни содржини.

-Во зависност од временската прогноза, екипите за отстранување снег можеби ќе треба да поминат неколку пати затоа преку овие флаери апелиравме дека е важно е улиците да бидат слободни цела ноќ и следниот ден, додадоа од Општина Пехчево.

Акцијата се спроведе во централното градско подрачје во Пехчево. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан