• сабота, 04 мај 2024

Во Париз утре состанок на неколку европски лидери на ЕУ за Украина

Во Париз утре состанок на неколку европски лидери на ЕУ за Украина

Париз, 25 февруари 2024 (МИА) - Околу 20 шефови на држави и влади, главно европски, утре ќе одржат состанок во Париз за да го потврдат своето единство и поддршка за Украина.

На средбата во Елисејската палата ќе присуствуваат европски лидери, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, како и премиерите на 15 земји од ЕУ.

На собирот преку видео врска ќе се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Претставниците на Унгарија и Словачка, двете земји од ЕУ најмалку наклонети кон Украина, нема да присуствуваат поради претходно закажаните обврски“, се вели во соопштението на француското претседателство.

На средбата ќе присуствуваат американски и канадски претставници, како и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.

„Целта на состанокот е да се разгледаат сите средства за ефикасна поддршка на Украина“, се додава во соопштението.

Од Елисејската палата додаваат дека „целта на средбата е и да се испрати порака дека постои волја да се запре руската инвазија на Украина, како и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во Украина“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан