• вторник, 21 мај 2024

Во Општина Чашка до 9 часот излезноста е 4,9 проценти, во Градско околу 5 отсто

Во Општина Чашка до 9 часот излезноста е 4,9 проценти, во Градско околу 5 отсто

Велес, 24 април 2024(МИА) - Во Општина Чашка сите 31 избирачки места се отворени утрово во 7 часот, а правото на глас за избор на претседател на државата до 9 часот го оствариле 4,9 проценти од вкупно 6 076 гласачи на единствениот избирачки список, информира за МИА Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.

Тој информира дека од 44 пријавени болни и изнемоштени лица, вчера во нивните домови гласале 41 лице.

Јовановски потенцира дека иако Општина Чашка е една од најголемите по територија во државата и дека нивни членови и покрај оддалеченоста на избирачките места постојано се на терен а и се во постојан контакт со Избирачките одбори.

Во Општина Градско во 7 часот биле отворени сите 11 избирачки места, а до 9 часот своето право на глас за избор на претседател на државата го оствариле 195 избирачи од вкупно 3019 избирачи запишани во единствениот избирачки список, а што е нешто над 5 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.

Воедно појаснува дека вчера од 41 пријавено болно и изнемоштено лице во своите домови гласале 40.

Таа информира дека ОИК е во постојан контакт со општинските одбори и на терен ја следат нивната работа и регуларноста на изборите. ад/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан