• петок, 22 ноември 2024

Во Нигер 23 војници убиени во заседа

Во Нигер 23 војници убиени во заседа

Нијамеј, 22 март 2024 (МИА) - Вкупно 23 нигериски војници се убиени во заседа поставена од „терористи“ за време на операција на армијата во западниот дел на Нигер, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Нападот се случи во регионот Тилабери, кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо и е познат како упориште на џихадистите.

Една армиска единица беше фатена во заседа за време на операција во таа област, при што беа убиени 23 војници, а „околу 30 терористи беа неутрализирани“, соопшти Министерството.

Регионот Тилабери е засолниште за џихадистите на Исламската држава и Ал Каеда.

Со години тој дел од Нигер е цел на напади од овие вооружени групи и покрај распоредувањето на антиџихадистичките сили. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан