Во несреќата во рудникот во Замбија загинаа најмалку седум рудари
- Најмалку седум рудари загинаа а повеќе од 20 се водат како исчезнати во несреќата во рудникот за бакар во Замбија, предизвикана од лизгање на земјиштето поради обилен дожд.
Лусака, 2 декември 2023 (МИА) – Најмалку седум рудари загинаа а повеќе од 20 се водат како исчезнати во несреќата во рудникот за бакар во Замбија, предизвикана од лизгање на земјиштето поради обилен дожд.
Локланите власти се сомневаат дека сите затрупани рудари се мртви.
Одронот се случил во четвртокот вечерта и ги затрупал рудничките окна.
Министерот за внатрешни работи и внатрешна безбедност Џек Мвимбу вчера во парламентот изјави дека инцидентот се случил во градот Чингола, во регионот богат со бакар во Замбија.
- Имаме повеќе од 30 луѓе под урнатините и се бориме да ги извадиме, рече вчера министерот и додаде дека спасувачките екипи се на терен.
Не беше кажано дали се работи за „неформални рудари“, но овој тип на рударство е вообичаен во Чингола.
Замбија е меѓу првите 10 производители на бакар во светот. Во Чингола се ископува и кобалт. јт/
Фото: Пиксабеј илустрација