• сабота, 23 ноември 2024

Во Неготино Јавен повик за поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата „8 Ноември“

Во Неготино Јавен повик за поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата „8 Ноември“

Неготино, 6 октомври 2023 (МИА) - Општина Неготино денеска објави Јавен повик за поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата „8 Ноември“, информираше вечерва Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа.

- Рокот за поднесување предлози за највисоките општински награди и признанија по повод празникот на општината,  денот на ослободувањето, е до 24 октомври. Според општинската одлука, наградата и признанијата по повод ,,8 Ноември" се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници, чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонеле за нивна лична и афирмација на Општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, појасни Митрев. 

Тој потсети дека пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на Општина Неготино.

Наградите и признанијата, на добитниците, градоначалникот на општината Неготино Горан Стојанов, ќе им ги додели на свечената седница, што ќе се одржи на 8 ноември - Денот на ослободувањето на Неготино. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан