• четврток, 30 мај 2024

Во Неготино турнир во фудбал по повод  Денот на Ромите

Во Неготино турнир во фудбал по повод  Денот на Ромите

Неготино, 8 април 2024 (МИА) - Турнир во фудбал по повод меѓународниот Ден на Ромите, се реализираше денеска во Неготино. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов појасни дека натпреварот се одржа на иницијатива на неколкумина ентузијасти од ромската заедница, а со финансиска поддршка од буџетот на Општина Неготино. 

На турнирот што беше од ревијален карактер, учество зедоа четири екипи што одиграа меѓусебни натпревари, а настанот беше искористен за заедничко другарување по повод празникот.

- Неготино е општина со долга традиција на присуство на ромската заедница. Културата и традицијата на Ромите се дел од културното наследство и важен сегмент во градењето на соживот и меѓусебно почитување. Како Општина, имаме и ќе имаме одлична соработка со припадниците на ромската заедница и со здруженијата што се грижат за заштита на нивните права и интереси, а како плод на соработката заеднички реализиравме неколку проекти од интерес на Ромите, рече Стојанов. 

Тој нагласи дека Општина Неготино и во иднина ќе продолжи да спроведува одржливи активни мерки, со кои ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сограѓаните Роми. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан