• вторник, 02 јули 2024

Во Неготино се изврши прскање против комарци 

Во Неготино се изврши прскање против комарци 

Неготино, 7 јуни 2024 (МИА) - На територијата на општината Неготино се спроведе прскање против комарци, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

- Со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет, синоќа во доцните вечерни и раните утрински часови на целата територија на општина Неготино се спроведе дезинсекција преку прскање против комарци. Прскањето се одвиваше од земја со користење на препаратот „аквакотрин“- еден од најефикасните за уништување на комарците и започна околу 22 часот, појасни градоначалникот.

На почетокот биле опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала,  се прскало во централното градско подрачје и останатите делови од Неготино. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан