• петок, 22 ноември 2024

Во населеното место Брњарци почна изградбата на нов водоводен систем

Во населеното место Брњарци почна изградбата на нов водоводен систем

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Во населеното место Брњарци во Општина Гази Баба од денеска почнува изградбата на нов водоводен систем. Проектот опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километри, а во вредност од 7,8 милиони денари.

Градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој денеска изврши увид во изградба на водовдниот систем, посочи дека после долги години ова населено место за првпат ќе добие питка вода за пиење.

-Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми на граѓаните. Како Општина реализираме и други проекти во повеќе населени места. И интензивно се работи и на асфалтирање на повеќе локални улици во населените места низ општина Гази Баба, рече Стефковски.

Тој потенцираше дека во моментов се работи и на изградбата на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево.

-За многу скоро од денес секое домаќинство во Црешево ќе биде поврзано на фекална канализација. И можам да најавам уште еден голем проект, а тоа е за неколку дена од сега ќе го отвориме новиот објект кој ќе биде наменет за Дневен центар за деца со посебни потреби. Во наредниот период ќе реализираме и многу други проекти за кои што заедно ќе бидеме сведоци, рече градоначалникот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој исто така денеска присуствуваше на увидот во изградбата на водоводниот систем во Брњарци, изрази благодарност до општината, градоначалникот, советниците, пратениците кои доаѓаат од општина Гази Баба за започнување на ваков проект.

-Ова претставува дополнителен мотив да направиме разлика меѓу оние кои денеска седат во Владата и оние луѓе кои градат, а тоа се градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Најголемиот дел од нив имаат речиси реализирана програма која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, рече Мицкоски.бт/аа/

Фото/ ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан