• сабота, 27 јули 2024

Во Мексико ослободени тројца киднапирани новинари

Во Мексико ослободени тројца киднапирани новинари

Мексико Сити, 26 ноември 2023 (МИА) – Во акција на мексиканските безбедносни сили ослободени се тројца новинари, кои неодамна беа киднапирани во сојузната мексиканска држава Гереро, соопшти Канцеларијата на мексиканското државно обвинителство.

Ослободените новинари се дел од петтемина кои се водеа како исчезнати минатата недела во туристичкиот град Таско.

Мексико е една од најсмртоносните земји во светот за новинарите. Годинава во земјата убиени се пет новинари, а во 2022 година беа убиени 13 новинари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан