• петок, 05 декември 2025

Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец 

Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец 

Дебар, 15 ноември 2025 (МИА) - По повод празнувањето на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во спомен на возобновувањето на неговиот храм во Лида Палестинска – Ѓурѓиц, во неговиот славен манастир во дебарското село Рајчица, ќе има достојно одбележување.

Вечерва со почеток во 19 часот ќе се отслужи празнично бдение со Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час.

Утре на денот на празникот во 8:30 часот ќе почне Божествена архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. 

-Сослужението ќе се оствари со благослов на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Молитвите и благословот на свети Георгиј Победоносец да бидат со вас, се посакува во објавата на Бигорскиот манастир. вт/мд/


Фото: Бигорски манастир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан