• сабота, 20 декември 2025

Во Македонска Каменица спроведена акцијата Генералка викенд 2025

Во Македонска Каменица спроведена акцијата Генералка викенд 2025

Македонска Каменица, 13 мај 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица спроведена е акцијата Генералка викенд 2025. Акцијата, како што информираше градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски финишираше денес, со учество на вработени во повеќе институции во градот.

-Денеска и во текот на изминатиот викенд, во заедничка акција со ЈП „Камена Река“, Здружението на пензионери, Дневниот центар за лица со посебни потреби, вработени во општествено одговорни компании и волонтери при Црвениот Крст од Македонска Каменица, успешно беше спроведена „Генералка Викенд" - екоакција која опфаќа чистење и уредување на повеќе јавни површини на територијата на нашата општина, истакна Атанасовски.

Активностите, како што додаде, беа спроведени во урбаните и приградските средини, вклучително и излезите од градот кон Кочани и Делчево.

Оваа иницијатива, во која учествуваат Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“  има за цел одржување на чистата животна средина преку чистење и собирање отпад, како и подигање на екосвеста кај сограѓаните за поголема грижа кон природата, додаде Атанасовски.

Во еко-акцијата Општина Македонска Каменица учествува четврта година по ред. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан