• сабота, 28 септември 2024

Во Луизијана Десетте Божји заповеди ќе бидат поставени во сите училници во локалните училишта

Во Луизијана Десетте Божји заповеди ќе бидат поставени во сите училници во локалните училишта

Батон Руж, 20 јуни 2024 (МИА) – Властите во американската држава Луизијана наредија десетте Божји заповеди да бидат поставени во сите училници на државните образовни институции. Локална уредба налага дека Десетте заповеди мора да бидат на постери кои се доволно големи – 35,5 см на 25 см - за да бидат лесни за читање.
Ќе бидат поставени од градинки до универзитети.

Законот го подготвија претставници на Републиканската партија, која има двотретинско мнозинство од местата во двата дома на законодавниот дом на Луизијана. Постерите ќе се финансираат преку донации и нема да се користат владини средства за нив. Според невладините, новиот закон го прекршува правилото за поделба на црквата од државата и е грубо кршење на Уставот.
Луизијана е првата и единствена држава со таков закон во САД. зш/

Остани поврзан