• недела, 22 декември 2024

Во Крива Паланка се гради памп-патека за велосипеди

Во Крива Паланка се гради памп-патека за велосипеди

Крива Паланка, 25 октомври 2023 (МИА) - На спортскиот комплекс во Крива Паланка денеска официјално отпочнаа градежните активности за изградба на "памп- патека" за велосипеди. Оваа содржина, според одговорните, ќе ја надополни спортско- рекреативната понуда на градот и содржините за млади.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изврши увид во активностите на терен, се сретна со изведувачот и најави дека општината продолжува да вложува во спортот.

-Уште еден нов проект за младите и спортот во општината е проектот за изградба на „Памп -трака за велосипеди" со што младите од градот добиваат нова, атрактивна и уникатна спортско-рекреативна содржина што ќе ги привлече сите љубители на велосипедизмот. Инвестираме четири милиони денари, средства обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка преку УНДП и кофинансирање од буџетот на Општина Крива Паланка. Продолжуваме да инвестираме во спортот за здрава младина, рече градоначалникот Митовски.

Од областа на спортскатата инфраструктура, во Крива Паланка финишира проектот за изградба на мултифункционален спортски терен во село Мождивњак што се реализира со средства во висина од 7 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт. ид/вг/


Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан