• среда, 26 јуни 2024

Во Крива Паланка свечено одбележан 8 Септември - Денот на независноста на Татковината

Во Крива Паланка свечено одбележан 8 Септември - Денот на независноста на Татковината

Крива Паланка, 8 септември 2023 (МИА) – Со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ пред општината од страна на бројни делегации од локалните, национални институции, политички партии и организации, како и пригодна програма, Општина Крива Паланка го прослави Денот на независноста на државата - 8 Септември.

- Заедништвото и одлучноста, храброста на носење одлуки за доброто на сите граѓани и идни поколенија е нешто што денес го чествуваме, на Денот на независноста на државата. Свесни сме за предизвиците со кои како генерации се соочувавме во поновата историја, но и со денешните предизвици – стремејќи се кон Европа, со сиот потенцијал, квалитет, култура, традиција, со македонскиот јазик, историја и посебност како нација. Затоа и денес на денот кога одбележуваме 32 години независност, упатувам искрена желба да бидеме доволно мудри и да го продолжиме до конечно остварување тој макотрпно трасиран пат кон ЕУ. Да продолжиме да ја градиме перспективата на државата, на општината и иднината на младината. За младите да градат иднина тука, во својот роден крај, да градиме заедница со вредности во кои секој граѓанин ќе живее достоинствено. Посакувам следниот 8 Септември да го славиме покрај овој светол празник и тој остварен сон на бројни генерации, мудри политичари, наши и ваши современици кои знаат дека вредностите и посебностите на македонскиот народ заслужуваат место под Европското сонце, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски.

Свеченоста ја збогати перформансот со песната „Билјана платно белеше“ во изведба на учениците од ООУ „Илинден“, Крива Паланка. ид/ир

ФОТО: Општина Крива Паланка

Остани поврзан