Во Крива Паланка промовирана "1999 година" од Драган Стојановски
- Во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка беше промовирана книгата "1999 година", семеен дневник напишан во дванаесетерец, од Драган Стојановски.
Крива Паланка, 20 август 2025 (МИА) - Во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка беше промовирана книгата "1999 година", семеен дневник напишан во дванаесетерец, од Драган Стојановски.
-Драган Стојановски уметнички ја реализира идејата да го претстави својот емоционален вознес од сопствените доживувања и случувања од 1999-та, последната година од претходниот милениум, од сознанието дека природата и природното се неговото најдлабоко трагање по вистината и единството, реализирајќи ја својата желба за опстанок во падините на Осоговието, рече поетесата Емилија Колевска, рецензент и промотор на книгата.

Според Колевска, единствената суштина на човековото битисување, темел на неговото постоење е љубовта кон природата.
-Токму таа убавина можеби е немоќна да ја промени суштината на живеењето, но може да нѐ натера , барем на кратко, да размислиме правилно, додаде Колевска.
Книгата е втора во творештвото на Стојановски, издавач е здружението граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ. ид/аа/
Фото МИА