• понеделник, 01 јули 2024

Во Крива Паланка „Вечер на Осоговски песни 2024"

Во Крива Паланка „Вечер на Осоговски песни 2024

Крива Паланка, 1 јули 2024 (МИА) - Вокални ансамбли, староградски друштва, пејачки друштва и тамбураши од пет градови од земјава и соседството, вечерва ќе настапат на летната сцена во градскиот парк Крива Паланка на „Вечер на Осоговски песни 2024", во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

-На амфитеатралната летна сцена со почеток од 20 часот за кривопаланечката публика и посетителите на градот под Осоговието ќе бидат изведени староградски песни од повеќе регион со автентични музички и сценски претставува од градскиот животот и минатото на Крива Паланка, Свети Николе, Штип, Свети Николе и Ќустендил, Република Бугарија. Ги покануваме љубителите на музиката да уживаат во настанот кој ќе понуди уживање за публиката и ќе ја отвори богатата јулска програма на манифестацијата „Крива Паланка -Град на културата" и „Кривопаланечко културно лето", информираат од НУ Центар за култура Крива Паланка.

„Вечер на осоговски песни 2024" е посветена на  староградската музика  што ја негуваат друштвата  од земјата и од странство,  со цел зачувување на традицијата и културното наследство.

Пред кривопаланчани вечерва ќе настапат вокалниот ансамбл „Еделвајс“ од Ќустендил,  Република Бугарија, женската пејачка група „Ѓурѓа“ при Центар за култура од Делчево,  градскиот хор од Штип, „Табиет“ од Свети Николе, „Кратовски тамбураши", културно-уметничко здружение „Распеани паланчани“ и пејачка група на КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.  

Настанот се реализира со поддршка од Министерство за култура на Република Северна Македонија како дел од „Кривопаланечко културно лето“ и „Крива Паланка-Град на културата 2024“. ид/дма/

Фото:Плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан