• четврток, 30 јануари 2025

Во крводарителска акција во Чашка собрани 18 крвни единици

Во крводарителска акција во Чашка собрани 18 крвни единици

Велес, 30 јануари 2025 (МИА) - Во просториите на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка денеска се одржа првата од трите предвидени крводарителски акции за 2025 година,  на која крв даруваа 18 дарители. Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинската Организација на Црвен крст Велес, за првпат денеска крв дарувале двајца и со тоа влегле во Друштвото на хуманите.

Акцијата ја организира ООЦК Велес,  а во неа учествуваа нејзини волентери заедно со медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и во соработка со  Основната органозација на Црвен крст од Чашка.

Николов потсетува дека крводарителите на Чашка се едни од најхуманите во поширокиот велешки регион во кој освен Општина Велес се вклучени и крводарители од Општините Чашка и Градско. 

Лани  во Чашка се одржаа две акции за доброволно дарување крв, во кои беа дарувани вкупно 50 крвни единици.

ООЦК Велес најавува следна акција за доброволно дарување на крв со вработените во СВР Велес, а потоа и со Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ околу 20 февруари, на која ќе можа да се вклучат и сите граѓани. ад/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан