• вторник, 14 мај 2024

Во крводарителска акција во Велес собрани 71 крвна единица

Во крводарителска акција во Велес собрани 71 крвна единица

Велес, 4 март 2024 (МИА) - Во крводарителска акција во „Skill up academy“ во Велес собрани се 71 крвна единица. Акцијата беше спроиведена во текот на вчерашниот ден во организација на  велешкиот Општински Црвен крст заедно со „Ѕkill up academy“ и екипа на Институтот за трансфузиона медицина –Скопје.

 -Велешани повторно ја покажаа својата хуманост на дело и потврдија дека се на врвот на хуманоста во земјава, информира денеска за МИА секретарот на ООЦК Велес, Орце Николов.

Тој појасни дека оваа трета акција за доброволно дарување на крв  била најуспешна досега, а во првите две биле собрани 46 и 41 крвна единица. Во акцијата  се вклучиле вработените и  родители на децата кои ја посетуваат оваа школа за компјутери, како и други граѓани.

Воедно, Николов  за утре најави акција за дарување на крв меѓу  велешките средношколци во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ а на 12 март и во Гимназијата „Кочо Рацин“. ад/дма/

Остани поврзан