Во кинеската провинција Фуџијан евакуирани се 27.000 жители поради обилните врнежи
- Околу 51.500 луѓе во Нанпинг, Санминг и други градови во источната кинеска провинција Фуџијан беа погодени од обилни врнежи од дожд, а локалните власти соопштија дека речиси 27.000 жители се евакуирани.
Пекинг, 14 јуни 2024 (МИА) - Околу 51.500 луѓе во Нанпинг, Санминг и други градови во источната кинеска провинција Фуџијан беа погодени од обилни врнежи од дожд, а локалните власти соопштија дека речиси 27.000 жители се евакуирани.
Провинциските власти за контрола на поплавите соопштија дека во Фуџијан се оштетени повеќе од 3.133 хектари земјоделски култури, пренесоа кинеските медиуми.
Од понеделникот до денеска, 386 општини во 55 области на ниво на окрузи низ Фуџијан забележаа акумулирани врнежи од над 100 мм. рп/
Фото: МИА архива