• понеделник, 23 декември 2024

Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај

Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај

Квебек, 29 јуни 2023 (МИА) - Во Канада првиот патнички воз во Северна Америка со погон на водород беше пуштен во сообраќај. Сепак, францускиот патнички воз е „краткорочна демонстрација“, што значи дека ќе сообраќа до крајот на септември со цел поттик“ на усвојувањето на овој вид патувања во Канада и САД.

- Мислам дека најважно е да се подигне свеста на луѓето, кои ќе се навикнат на оваа технологија, рече Роберт Стаско, директор на Деловниот совет за водород во Онтарио.

Возот сообраќа од градот Квебек до Бај-Сен Пол, а патувањето трае 2,5 часа. Линијата е закажана од среда до сабота, до 30 септември. Максималната брзина на возот е 140 км/ч и може да превезува до 120 патници во два вагони.

Француската компанија „Алстом“, којашто го произведува возот, соопшти дека перформансите за забрзување и сопирање се споредливи со стандардните дизел возови, но во овој случај нема испуштање штетни гасови. Повеќето европски земји користат возови со електрични шини или надземни жици, но водородните возови се идеални за места како канадските села каде што растојанијата се долги, а бројот на патници е релативно мал.

Истиот модел на воз, „Корадија илинг“ веќе се користи во осум европски земји, а од лани во Германија сообраќаат 14 вакви возила, пренесува „Кликс“. Компанијата-производител почна со пробни возења во 2018 година и има дополнителни договори во Германија, Италија и Франција. Европските клиенти нарачале вкупно 41 воз засега.

Воз на „Корадија илинг“ користи околу 50 килограми водород дневно, а како што се наведува, за истото патување,  воз со стандарден мотор би потрошил околу 500 килограми дизел-гориво. Водородниот воз испушта само водена пареа како нуспроизвод од комбинацијата на водород и кислород во горивната ќелија во процесот на генерирање енергија.

Сепак, факт е дека е потребен камион на дизел за да го транспортира водородот до возот секогаш кога му треба полнење гориво, т.е идеално би било водородот да се произведува на лице место. Долгорочната цел, се вели, засега е да се промовира замислата за водороден воз, да биде што поприфатен во Северна Америка. Доколку проектот биде успешен, тоа ќе замена за дел од дизел-возилата. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан