Во Калифорнија обвинети бели супрематисти кои на Телеграм подготвувале расистичка војна во САД
- Американски обвинители синоќа поведоа кривична постапка против двајца наводни лидери на бела супрематистичка група (оние кои повикуваат на предимство на белата над другите раси) со обвинување дека на социјалната мрежа Телеграм повикувале на насилство врз црномурести, еврејски, ЛГБТК лица и имигранти, а со цел да предизвикаат расна војна
Вашингтон, 10 септември 2024 (МИА) - Американски обвинители синоќа поведоа кривична постапка против двајца наводни лидери на бела супрематистичка група (оние кои повикуваат на предимство на белата над другите раси) со обвинување дека на социјалната мрежа Телеграм повикувале на насилство врз црномурести, еврејски, ЛГБТК лица и имигранти, а со цел да предизвикаат расна војна.
Групата наречена „Терорграм колектив“ (The Terrorgram Collective), го користела сајтот за да промовира бели супрематистички напади низ светот и да поттикне насилство мотивирано од расна омраза, се наведува во соопштението од федералниот суд во Сакраменто, Калифорнија.
Далас Хамбер (34) од Елк Гроув, Калифорнија, и Метју Алисон (37) од Бојси, Ајдахо, се соочуваат со по 15 кривични обвиненија, вклучувајќи поттикнување на злосторства од омраза и заговор за обезбедување материјална поддршка за тероризам. Двајцата се во притвор.
За најсериозните обвиненија предвидени е казна до 20 години затвор.
Целите на групата вклучуваат и напади врз американски владини службеници и критична инфраструктура а со цел предизвикување на општествен колапс во САД, соопшти од Министерството за правда.
Според обвинението, Хамбер и Алисон помагале во создавање и промоцијата на документ за оправдување на идеологијата на групата што вклучувал детални инструкции за терористички напади и изработка на бомби.
Хамбер и Алисон, кои станале лидери на групата во 2022 година, исто така соработувала на формирање листа на „високовредни“ цели за атентат, вклучително и актуелен американски сенатор и федерален судија, кои се сметале за непријатели на каузата на белите супрематисти. кб/ми/