Во Кавадарци тројцата кандидати за градоначалници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
- Општинската изборна комисија во Кавадарци денеска организираше потпишување на Кодекс за фер и демократски избори, од страна на тројцата кандидати за градоначалник за локалните избори.
Кавадарци, 26 септември 2025 (МИА) - Општинската изборна комисија во Кавадарци денеска организираше потпишување на Кодекс за фер и демократски избори, од страна на тројцата кандидати за градоначалник за локалните избори.
- Во ОИК Кавадарци доставени се вкупно 12 листи од кои 3 се за кандидат за градоначалник и 9 листи кандидати за советници, потсети Емилија Петровска, претседателка на Општинска изборна комисија.
Кандидати за градоначалници се Митко Јанчев од коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Велевски од коалицијата предводена од СДСМ и Здравко Бошков од ТМРО, сподели таа.
Во изјава за медиумите, Велевски рече дека треба оваа кампања да помине во најдобар ред. Јанчев посака фер и демократски процес во целата кампања. Бошков посака кампањата да се одвива во рамките на прописи и закони.
Во врска со кандидати за советници, имало 3 независни листи и 6 листи од партии. Поднесени биле независните листи на кандидати за советници , групи избирачи, предводени од Панчо Минов, Ристо Сакалиев и Јован Златевски. Листи со кандидати за советници поднеле Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ со носител Стојанчо Рамов, коалиција СДСМ со носител Вуко Мелов, ТМРО со Иван Димов, Левица со Круме Богевски, ЗНАМ со Горан Белевски и Твоја партија со Тодор Богев. свд/вј/
Фото: МИА