• вторник, 02 јули 2024

Во Кавадарци проект „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“

Во Кавадарци проект „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“

Кавадарци, 7 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев потпиша Меморандум за соработка со претставници од Центарот за истражување и креирање политики, кој во соработка со Care International Balkans го реализира проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. За ова попладнево информираа од кабинетот на Јанчев. 

- Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите, со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базирано насилство, а ќе придонесе кон поголемо разбирање и подигање на свеста за насилството, како научено мажествено однесување на балканските простори, кај момчињата, младинските граѓански организации и релевантните владини институции, како и подигање на свеста и поттикнување на промени во политиките, за спречување на родово засновано насилство, преку регионалната размена на најдобри практики меѓу стручните служби во училиштата и младите во регионот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму изразија задоволство од соработката и најавија и други проекти за младите во општината. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан