• недела, 22 декември 2024

Во Кавадарци одржани обуки за ментално здравје 

Во Кавадарци одржани обуки за ментално здравје 

Кавадарци, 18 јануари 2024 (МИА) - Обуки за ментално здравје реализираше во Кавадарци, кавадаречкиот Црвен крст, информираа денеска од оваа хуманитарна организација. Претседателот на Црвен крст - Кавадарци, Димитар Каракулев соопшти дека во изминатиот период биле спроведени 30 обуки.

-Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија,  општинска организација Кавадарци, се реализираа обуки за ментално здравје по проект за млади ,,Здрави млади, здрав темел на организација ”. Преку овие обуки младите се стекнаа со знаења за водење на грижа на ментално здравје, свесност за менталното здравје, што е стрес и како да се надмине стресот.  За младите купен е статичен компјутер за опрема на нивната канцеларија и направено е младинско катче за младите. Исто така се одржаа дополнителни работилници од кои 10 за врсничко насилство и 30 работилници за дисеминација, ориентерство и лидерство на младите, појаснија од Црвениот крст. 

Оттаму додадоа дека по завршување на проектот, сите учесници се здобија со серификати и доделени им беа брошури на тема ментално здравје. свд/дма/


Фото: Црвен крст 

Остани поврзан