• сабота, 20 јули 2024

Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Кавадарци, 8 април 2024 (МИА) - Во организација на градската библиотека „Феткин" и во соработка со Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров" денеска во Кавадарци со јавен час беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите.

Пред присутните се обратија директорот на библиотеката Петар Гурев и менторот на средношколците, професорот по македонски јазик Влатко Тасев. Ученици споделија информации за денот кога се слави ромската култура и има за цел подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. 

-Во сферата на културата, Ромите можат да се пофалат со извонредни музичари, а меѓу нив најпозната е пејачката и хуманитарка Есма Реџепова од Скопје. Во текот на својата музичка кариера, Есма се стекна со епитетот кралица на ромската музика во светски рамки. Есма зад себе остави огромно музичко наследство и бројни почитувачи на нејзиниот лик и дело, беше кажано на настанот. 

Ученици нагласија дека нивните амбиции ги надминуваат  закоравените традиционални обичаи и дека тие сакаат да се школуваат и избираат образование, наместо малолетнички бракови. Брак и семејство, да, рекоа тие, но после градењето на сопствената личност и остварувањето на соништата за професионална реализираност. свд/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан