• среда, 17 јули 2024

Во Кавадарци новогодишни пакетчиња за деца на градскиот плоштад

Во Кавадарци новогодишни пакетчиња за деца на градскиот плоштад

Кавадарци, 25 декември 2023 (МИА) - Околу 4.500 новогодишни пакетчиња обезбеди Општина Кавадарци за ученици од прво до петто одделение, деца од семејства во социјален ризик и лица со попреченост. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев денеска во изјава за медиумите, рече дека изминативе денови, вклучително и денешниот, пакетчињата се делат на градскиот плоштад. 

- Секојдневно имаме културно - забавна  програма во склоп на предновогодишната програма, што опфаќа интересни содржини за сите возрасти, додаде Јанчев. 

Тој потсети на агендата од предновогодишната и новогодишната програма, нагласувајќи дека се негува традицијата и така и овие денови, на градскиот плоштад може да се дегустираат производи од грозје. 

Заменик градоначалникот, доктор Стојанче Рамов, исто така, изрази задоволство од преполниот плоштад со дечиња, во весела и разиграна атмосфера со Дедо Мраз,  музика и ликови од цртаните филмови.

Двајцата посакаа многу здравје и среќа за сите. свд/сст/

фото МИА 

Остани поврзан