• среда, 26 јуни 2024

Во Кавадарци Меѓународен натпревар по традиционални состави и хармоника

Во Кавадарци Меѓународен натпревар по традиционални состави и хармоника

Кавадарци, 2 јуни 2024 (МИА) - Меѓународен натпревар по традиционални состави и хармоника (класична и народна музика), Internacional Festival Art In се одржа во музејот, Куќата на мирисот и вкус, информираат од оваа кавадаречка културна установа.

-Станува збор за аедничка соработка со Основното општинско музичко и балетско училиште (ОМБУ) „Лазо Мицев Рале", се одржа во изминатите два дена  со претставување на составите и соло учесници. Во рамките на натпреварот се одржа и предавање за хармоника од страна на професор од Хрватска, соопштија од Музејот на мирис и вкус.

 Оттаму нагласија дека на агендата на оваа културна институција се настани за различни генерации, кои презентираат и промовираат различни видови на уметности. свд/ев/ 

Фото: Музеј на мирис и вкус 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан